JEEP® WRANGLER UNLIMITED
Оваа легендарна икона повеќе од 70 години е симбол на слободата. Нуди можности да се живее и да се истражува светот од една поинаква перспектива. Седни зад воланот на Jeep® Wrangler Unlimited и дозволи му да те понесе.
ВЕЌЕ ОД: € 45.000
ИЗБЕРИ ЕДНА АКЦИЈА
ДИЗАЈН И најситното делче во дизајнот е изведено со исклучителна грижа, за и на најкраткиот пат да почувствувате максимално задоволство и да најдете неочекува комфор. Фино обработени детали кои ја комбинираат формата и функционалноста. Од традиционалните тркалезни фарови и решетката со седум отвори, од шарките на хаубата и на вратите, па се до фините обработки soft touch на ентериерот и сребрените инсерти на таблата, Jeep® Wrangler Unlimited мудро ја комбинира функционалноста со комфорот. Дозволи да те освои неговиот шарм и неговата сторија. ДЕТАЛИ ВРАТИ СЕ НА
ВЕРЗИИ Jeep® Wrangler Unlimited е на располагање во 2 модели: Sahara и Rubicon. Бунтовничкиот дух на Jeep® Wrangler Unlimited се преточува во верзијата Sahara во елегантен и неконвенционален автомобил: опремен за да обезбеди максимален комфор на пат, подготвен да доминира со градската димензија со неговиот карактеристичен стил. Градот е новиот терен кој треба да го открие во една нова авантура.
Rubicon е авантура, но и гордост во чиста состојба. Ти овозможува да се соочиш со каков и да е терен и да доживееш неспоредливи искуства на возење. Создаден за секој што сака да експериментира во слободата на интегралниот погон во неговата најпрефинета форма и на најекстремните и најтешки off-road терени. ДЕТАЛИ
ВРАТИ СЕ НА
ПЕРФОРМАНСИ Извонредните технички карактеристики на Jeep® Wrangler, кралот на off-road терените, те заштитуваат од светот и неговите стапици.

Пет категории на перформанси со кои се докажува дека секој Wrangler Unlimited е во состојба да се соочи со каков и да е терен: погон, артикулација, управливост, висина од тлото и капацитет на растојание.

На пат или надвор од него, Wrangler Unlimited ти помага да се соочиш и да го совладаш секој предизвик на мајката Природа. ДЕТАЛИ
ВРАТИ СЕ НА
ТЕХНОЛОГИЈА Мултимедијалниот систем UConnect® со кој е опремен Jeep® Wrangler Unlimited овозможува да го користиш мобилниот телефон, системот за сателитска навигација и електронските апарати како iPod® или смартфон. Инаку, со новиот аудио уред Alpine®, твојата музика ќе биде секогаш со тебе. ДЕТАЛИ ВРАТИ СЕ НА
СИГУРНОСТ Проектиран за да обезбеди максимална управливост, превенција од инциденти и заштита на патниците при судари, Jeep® Wrangler Unlimited е опремен со бројни сигурносни уреди. Големата цврстина и робусност на шасијата сочинува една солидна структура на која калибрира суспензијата и гарантира извноредна динамичност на движење.

Широкото растојание помеѓу шипките на шасијата овозможува резервоарот за гориво да се смести меѓу тркалата и да гарантира одлична заштита на системот за напојување во случај на судар.

И седумте траверзи се обвиткани и придонесуваат за извонредна цврстина на шасијата на Jeep® Wrangler Unlimited и за подобрување на неговите теренски способности. ДЕТАЛИ
ВРАТИ СЕ НА
ФОТОГАЛЕРИЈА
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ СЛИКИ
ВРАТИ СЕ НА