ПАТУВАЈТЕ OFF-ORDINARY

Најновиот Jeep® Compass Ве носи надвор од стандардните и конвенционални патеки на секојдневниот живот и тоа на off-ordinary начин. Отпатувајте во свет каде ќе се запознаете со четири нови личности во смисла на Дизајн, Искуство, Технологија и Моќност, кои со својата посветеност и начин на размислување го менуваат општеството и секојдневниот живот, поттикнувајќи ги луѓето на интерактивност со светот.

ИДЕАЛЕН ИЗГЛЕД

Решетка напред

jeep-compass-front-grille

Легендарната решетка со седум отвори, симболот на Jeep® е целосно редизајнирана за да му даде свежина и иновативност на најновиот Jeep® Compass.

Мобилни дневни светла

jeep-compass-shark-fin

Еден од најновите одлики на Новиот Jeep® Compass: хромираните рамки на дневните светла кои го обвиткуваат задното стакло, оставајќи впечаток на софистицирано возило од високата гама, избалансиран со агресивното држење препознатливо на прв поглед.

Издолжени крила

jeep-compass-fender-flares

Изразен атлетски профил. Трапезоидни премини на тркалата заедно со дополнителните лајсни го комплетираат надворешниот изглед давајќи му агресивен и мускулест впечаток. Резултатот е уметничко дело кое не може да помине незабележано.

РАФИНИРАН ДУХ

Дводелен сончев покрив

jeep-compass-dual-pane

Новиот Jeep® Compass е опремен со подвижен покрив со две позиции на отворање за да уживате во свежиот воздух и топлите сончеви зраци.

Кожен серво управувач

jeep-compass-leather-steering-wheel

Прецизно мајсторство и висококвалитетни материјали ги истакнуваат вредностите на кожниот серво управувач на Jeep® со вградени аудио, гласовни команди и системи за безбедно возење, со што возачот нема потреба да ги поместува рацете од воланот и се фокусира целосно на патот.

Ентериер-седишта

jeep-compass-interior-seating

Обвиткувачките седишта се удобни а со примена на штофови во контрастни бои и рачна опшивка ентериерот добива ексклузивен изглед.

ТЕХНОЛОШКИ ПРИСТАП

Uconnect™ 8.4 NAV

jeep-compass-dual-pane

Новата генерација Uconnect™ 8.4 NAV обезбедува палета достапни карактеристики за handsfree комуникација, забава и навигација со голем екран на допир од 8.4'', меѓу најдобрите во сегментот, кој поддржува повеќекратни движења со штипнување, удар и лизгање.

Инструмент табла

jeep-compass-leather-steering-wheel

LED Инструмент табла од 7'' во боја LED instrument cluster нуди широка палета на опции за прилагодување, од основно читање на брзината до специфичен статус на возилото и им овозможува на возачите да ги персонализираат информациите.

Функција Mirroring

jeep-compass-interior-seating

Системот Uconnect™ 8.4 NAV вклучува Apple CarPlay и Android Auto. Попаметен, поедноставен и побезбеден за употреба на вашиот Apple или Android паметен телефон во возилото што ви овозможува едноставно воспоставување повици, пристап до музика, испраќање и примање на смс пораки и многу повеќе.

СПРАВУВАЊЕ СО ТЕРЕНОТ

4x4 Системи

jeep-compass-4x4-system

Комплетно новиот Jeep® Compass нуди два иновативни возни системи за 4х4 способност - најдобри во класата. Jeep® Active Drive и Jeep® Active Drive Low автоматски и беспрекорно менуваат помеѓу 4x2 и 4x4 за постојано управување со вртежниот момент и оптималнo триење..

Selec-Terrain® систем

jeep-compass-select-terrain-system

Selec-Terrain® системот за управување на триењето е дизајниран да го оптимизира возењето со погон на четири тркала за контрола и способност без изненадувања. Тој електронски координира и оптимизира до 12 системи на секаков терен овозможувајќи подобрена контрола врз возилото..

Совладување на агли

jeep-compass-departure-angles

Jeep® Compass Trailhawk® постигнува Trail Rated® способност со неспоредлив пристап, скршнување и совладување на агли благодарение на уникатниот изглед и зголемената висина на возење.. Најдобри во класата - простор под подвозјето и вклучена заштита на подвозјето, контрола на симнување по надолнина и 17" пневматици за теренско возење.